ИАКО ЛАНИ СЕ ПРОСТИ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

ВАРДАРОВОТО МОМЧЕ ЌЕ ДОБИЕ ПОВИК: Хрватска го враќа Чупиќ од „пензија“

Откако две години по ред ја освои Лигата на шампионите и во Келн го даде победничкиот гол во финалето против ПСЖ, Иван Чупиќ, ќе биде еден главните адути на домаќинот на Европското првенство и покрај тоа што лани најави повлекување од националниот тим.    

објавено: 12 јуни 2017 - 09:25

Иван Чупиќ и Хрватска дефинитивно не е завршена работа. Иако вардаровиот играч лини се прости од настапите во репрезентацијата, сепак селекторот на „каубоите“, Лино Червар, ќе го очекува на собирот во октомври. 

Откако две години по ред ја освои Лигата на шампионите и во Келн го даде победничкиот гол во финалето против ПСЖ, Чупиќ, ќе биде еден главните адути на домаќинот на Европското првенство.

„Мислам дека се шегуваше. Ќе го вратам во репрезентацијата. Му пратив порака со честитка за освоената европска титула и дека по ова ниту еден селектор повеќе нема да го изостави од списокот за репрезентацијата. Ќе го очекувам во октомври, кога ќе имаме собир и мини подготовки", изјави Лино Червар за хрватските медиуми.

Најново во Ракомет