Хуеска за „увод“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Барселона ја забележаа и втората победа во Асобал лигата, откако на гости ја победија Хуеска со (23:17(

објавено: 13 септември 2017 - 22:40

Ракометарите на Барселона стигнаа и до втопрата победа во Асобал лигата. Сега и на гостински терен, каде со сигурна игра беа подобри за пшест гола од екипата на Хуеска 923:17). 

Но, за разлика од првото коло кога нашиот репрезентативец Борко Ристовски бранеше цел натпревар, во овој дуел не доби простор во ротацијата на тренерот Пасквал. Шанса доби Перез де Варгас, кој имаше само седум одбрани.

На крајот испадна дека овој натшревар всушност беше само едно добро загревање за Каталонците во пресрет на гостувањето кај Рајн Некар во Лигата на шампионите.

Најново во Ракомет