КАПИТЕНОТ Е ВО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА АСОБАЛ ЛИГАТА

Иако Лазаров е во Франција, се уште собира признанија од Шпанија

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров вчера покрај тоа што го освои првиот пехар со новиот тим Нант. тој во Шпанија беше избран во најдобриот тим во АСОБАЛ-лигата. 

објавено: 3 септември 2017 - 12:38

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров вчера покрај тоа што го освои првиот пехар со новиот тим Нант. тој во Шпанија беше избран во најдобриот тим во АСОБАЛ-лигата за сезоната 2016/17.

Нашиот „бомбардер“ имаше одлична сезона во дресот на Барселона, па токму затоа заслужено се најде меѓу најдобрите седум. Лазаров наградата ќе ја прими пред натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите меѓу Барселона и Нант во „Палау Блауграна".

Идеален тим во АSOBAL лигата за 2016/17:
Перез де Варгас, Анхел Фернандез, Виктор Томас, Адрија Фигуерас, Кирил Лазаров, Костоја, Раул Ентрериос.

 

Најново во Ракомет