ВТОР ПОРАЗ ВО НИЗА

Има разлика, Нант без Лазаров демолиран кај Данкерк

Нант го забележа вториот пораз во францускиот шампионат, откако на гостувањето кај Данкерк беше совладан со 30-22.

објавено: 11 октомври 2017 - 21:52

Втор пораз во низа за Нант во францускиот шампионат. По Монеплје, тимот чиј дел е македонскиот репрезентативец, Кире Лазаров загуби на гостувањето кај Данкерк со убедливи 30-22 (16-10) во рамките на петото коло во тамошниот шампионат. Капитенот на нашиот национален тим поради здравствени проблеми не отпатува со својот тим.

За Нант ова беше вкупно вториот пораз во новата сезона, во која има уште три победи и се наоѓа на шестото место на табелата. 

Најново во Ракомет