НОВ ТРОФЕЈ ЗА НАНТ И НАШИОТ КАПИТЕН

Каде е Лазаров таму се пехарите

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров и неговиот нов тим Нант, освоија уште еден трофеј пред стартот на новата сезона. 

објавено: 27 август 2017 - 10:18

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров и неговиот нов тим Нант, освоија уште еден трофеј пред стартот на новата сезона. Нашиот најдобар ракометар и францускиот клуб го освоија „Челенџ Кристоф Карти“, откако во финалето го совладаа Ст. Рафаел со 37-32.

За Лазаров и Нант ова е втор пехар пред стартот на сезоната во која капитенот ќе биде првиот тим што ќе му гостува на Вардар во одбраната на титулата во Лигата на шампиони.  

Најново во Ракомет