во победата над СЕНТ Рафаел во ФРАНЦУСКОТО првенство

КАДЕ И ДА ИГРА, КИРЕ Е ЛИДЕР: Лазаров прв стрелец на Нант

Капитенот на македонската репрезентација брзо се постави како предводник на теренот

објавено: 30 септември 2017 - 22:07

Кирил Лазаров даде седум голови и е најзаслужен за победата на Нант на гостувањето кај Сент Рафаел, во француското првенство. На Лазаров не му требаше многу време за да се постави како лидер и во францускиот тим. Без разлика каде игра, Кире секогаш е прва опција во нападот. 

Така и во Нант тој е задолжен да ги изведува пеналите и тоа го правеше многу успешно на вечерашната средба. Нант беше фаворит на овој дуел, но домаќините дадоа добар отпор.

На полувремето гостите водеа само со еден гол разлика 13:12, а ни во второто полувреме не се предадоа лесно, па на крај Нант победи само со 26:25, а Лазаров беше вистински лидер на теренот. 

Најново во Ракомет