Ракометарката Марија Штериова успеа да ги договори личните услови со турскиот прволигаш Кастамону. 25-годишниот лев бек, кој последните години промени неколку клубови, и официјално беше претставена како последна аквизиција на овој турски тим. Штериова, која последниот ангажман и беше во норвешкиот клуб Волда, ќе се обиде да ја заживее својата кариера, и со тоа да го импресионира селекторот Симе Симевски и со тоа да добие повик во женската репрезентација на Македонија.
Левиот бек се сели во Турција
Кастамону е новиот клуб на Штериова

објавено: 7 јули 2016 - 13:36