СИГУРЕН ПОЧЕТОК НА ФАВОРИТОТ ВО ФРАНЦИЈА

Кире тргна со „петка“ во Нант

Лазаров имаше добра партија, реализира пет гола, а четири од нив со удари од седум метри.

објавено: 13 септември 2017 - 22:13

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров тргна победнички со својот нов клуб - Нант.

Во својот прв настап како играч на Нант, македонскиот капитен стигна до победа на гостувањето кај Маси со резултат (28:22).

Лазаров имаше добар меч во кој реализираше пет гола. Успеа да ги реализира четирите удари од седум метри. Даде уште едне гол од игра. и имаше уште две промашувања така што мечот го заврши со реализација 5/7.

 

Најново во Ракомет