ФРАНЦУСКИ ПРЕДИЗВИК ЗА МАКЕДОНСКИОТ „БОМБАРДЕР“

Кирил Лазаров потпиша за Нант!

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров потпиша двегодишен договор со францускиот прволигаш Нант, заминувајќи си од Барселона

објавено: 17 февруари 2017 - 18:11

Кирил Лазаров во следната сезона ќе биде нов играч на францускиот Нант. Капитенот на македонската ракометна репрезентација потпиша двегодишен договор со тимот кој е второпласиран во домашното првенство.

Нант најавува дека има големи амбиции за следната сезона, а тоа се потврдува и со фактот дека моментално се лдиери во својата група, во Лигата на шампионите. 

Лазаров реши дека му е потребен нов предизвик и си заминува од европскиот гигант Барселона каде е од 2013 година, Македонскиот бомбардер претходно има играно и за екипите на Веспрем, Загреб, Сиудад Реал, Алетико Мадрид и Пелистер. 

Претседателот на Нант, Гаел Пелетие е пресреќен што тимот доби големо засилување.

„По големите имиња како Клајн, Гурбиндо и Њокас, денеска Кирил Лазаров доаѓа кај 'Х' на две сезони. Тој е еден од најголемите ракометари на светот. Нема други зборови да се опише неговата ефикасност во нападот. Со неговото доаѓање се покажува желбата на ХБЦ Нант да расне како тим и да добие сила на европска сцена", вели Пелетие.

Најново во Ракомет