Старт на подготовките на 4. ракометен камп „Кирил Лазаров“

ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на капитенот на македонскиот национален тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров.

објавено: 13 февруари 2018 - 19:45

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на капитенот на македонскиот национален тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров.

Како што беше тоа случај и претходните години, Кирил и ова лето е подготвен да одвои време, подготвен е целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата спортска кариера да го пренесе на младите во нашата Македонија.
Седум дена поминати во тренинг со Кирил Лазаров и неговиот тим од тренери, седум дена дружење, едукација, квалитета надградба во секоја смисла е најдобро поминато слободно време за нашите млади ракометари и оние кои сакаат да бидат тоа.
Млади спортисти кои во иднина треба да прераснат во врвни ракометари и добри личности.

„Задоволство и чест ми е да го најавам стартот на подготовките и пријавувањето за четвртото издание нашиот ракометен камп. Изминатите години поставивме високи стандарди во организација на самиот камп од секој аспект и ќе биде многу тешко во иднина да ги следиме и дополнително да ги надоградиме.
Ќе се обидеме оваа година да бидеме поиновативни, по креативни, поквалитетни како во спортскиот така и во делот за едукативните предавања и организацијата на слободното време на нашите кампери".

Изминатите три години на кампот на најдобриот стрелец во историјата на ракометот поминаа повеќе од 700 учесници, голем дел од Македонија но и кампери од Босна, Данска, Шведска, Романија, Србија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Шпанија и Франција. Насмевката на нивните лица, задоволството кај нивните родители е најголема награда и сатисфакција за вложениот труд и посветеноста на тимот на Лазаров.

„Радува фактот на исклучително големата заинтересираност за овој настан годинава и тоа не прави да се чувствуваме горди, но од друга страна и многу поодговорно да пристапиме на организацијата на кампот кој и оваа година ќе се одржи во прекрасниот Охрид. Да бидам искрен, со нетрпение го очекувам јуни и нашето ново другарување, седум дена каде што ќе тренираме и учиме ракомет, каде ќе бидеме позитивни, поставуваме нови цели, ќе се едуцираме што значи здрава и правилна исхрана, развиваме тимски дух и дисциплина, како предуслов за успех во спортот и во животот" – Кирил Лазаров, носител на проектот Ракометен камп „Кирил Лазаров 7".

Кампот и оваа година ќе се одржи во Охрид, во спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина", во две смени стартувајќи од 20 Јуни до 2 Јули 2018 година. Организаторот на кампот, агенцијата „КМГ Спорт" информира дека покрај седум дена тренинг со Капитенот, тимот тренери и гости од нашата земја и странство, секое дете од Македонија учесник на кампот има обебедено превоз до и од местото на одржување на кампот, медицински преглед во „Жан Митрев Клиник", комплет опрема од данскиот произвоител ХУМЕЛ, комплетно здравствено осигурување, сместување во хотел од висока категорија и 24-часовен мониторинг од медицински тим.
Се гледаме во Охрид!

Најново во Ракомет