КАПИТЕНОТ МУ СЕРВИРАШЕ ОДМАЗДА НА ШАМПИОНОТ

Лазаров го уништи Монпелје

Дербито на четвртото коло во францускиот шампионат меѓу Нант и Монпелје му припадна на тимот на Кирил Лазаров, кој славеше со 31-28. 

објавено: 27 септември 2018 - 22:23

Нант успеа да му се одмазди на Монпелје за болниот пораз во финалето на Лигата на шампионите. Тимот за кого настапува Кирил Лазаров тоа го стори во првата пресметка во францускиот шампионат, на домашен терен славеше со 31-28 (16-17).

Во центарот на вниманието беше капитенот на македонската репрезентација, беше вистински лидер во таборот на Нант. Мечот го заврши со седум погодоци од девет обиди, сите ги постигна во вистинско време.

Лазаров го отвори патот кон победата, во второто полувреме буквално го одржуваше водството на својот тим. До 40. минута се играше гол за гол, потоа капитенот донесе водство од 22-20, две и пол минути подоцна тој беше причината за првите плус три (24-21).

Не застаната тука, реализираше за 28-25, а потоа во 54. минута со неговиот погодок домаќинот на овој меч поведе со 29-25 за многу помирна завршница.

Покрај Лазаров одлична партија пружи и Николас Клер кој беше творец на девет голови. 

По четвртото коло, Нант заедно со Шамбери се единствените екипи без пораз, зад нив е ПСЖ, Ним и Монпелје. 

Најново во Ракомет