Капитенот се надева дека нема да има селекторска смена

Лазаров: Не сме свесни кој е Лино Червар

„Лино го обожаваат во Македонија, но, има и такви кои го мрзат. Средина нема. Моето лично мислење е дека не сме свесни кого имаме, а ќе се освестиме кога ќе го изгубиме. Искрено се надевам дека ќе остане на селекторската функција во Македонија“ истакна Лазаров

објавено: 20 февруари 2017 - 16:10

Лино Червар и шпекулациите за негово евентуално превземање на селекторската функција на хрватската ракометна репрезентација ја разбранува ракометната јавност на овие простори. Иако сегашниот наш предводник во јавноста најави дека нема да замине од Македонија сепак, ХРС минатиот викенд беше во Скопје каде што настојуваше за преговори.

Капитенот Кире Лазаров конечно за интернет порталот „Балкан хендбол" ги истакна и своите размислувања за целата оваа ситуација.

„Лино го ообожаваат во Македонија, но, има и такви кои го мрзат. Средина нема. Мое лично мислење е дека не сме свесни кого го имаме, а ќе се освестиме кога или доколку го изгубиме. Повторно се враќаме на истата тема – произведување на играчи. Тој е голем визионер, полн со идеи, многу иновативен и стрплив во реализацијата на задачите кои ги поставува. Искрено се надевам дека Червар ќе остане за да продолжиме по патот кој заедно го започнавме. Но, треба да го поддржиме" изјави Лазаров.

Капитенот проговори и за своето заминување во Нант по крајот на оваа сезона.

„Имав доста непреспиени ноќи бидејќи имав доста интересни опции и донесувањет на одлуката беше тешко. Барса беше во игра до последен момент. Сепак, одлучија да го подмладат тимот нешто слично како што Германците направија во Полска и дојдоа до златото. Нант покажа дека има големи амбиции за во иднина. Тоа е тим кој полека, но, сигурно се искачува кон врвот. Оваа сезона го победија ПСЖ со седум разлика а тоа не е едноставно. Не можеш да го 'добиеш' ПСЖ без озбилен квалитет. Имаат амбиции и стратегија да бидат уште подобри. Беа конкретни во преговорите што многу ми се допадна. На мене оставија впечаток дека стварно ме посакуваат" изјави меѓудругото нашиот капитен.

Најново во Ракомет