Нашиот најдобар ракометар прв стрелец и против Сесон

Лазаров со гол на 6 секунди пред крајот за нова победа на Нант!

Лазаров повторно беше меч-винер за Нант со 9 гола, од кој последниот на само 6 секунди пред крајот за победа на неговиот тим.

објавено: 10 октомври 2018 - 22:12

Со 9 постигнати голови, Кире Лазаров го понесе Нант и кон шетстат последователна победа во новата сезона од францускиот ракометен шампионат. Вечерва во исклучително возбудлив и неизвесен натпревар, Нант успеа да слави пред своја публика над екипата на Сесон со 29-28, а Лазаров ја одигра клучната улога во победата на својот тим.

Нашиот најдобар ракометар на 6 секунди пред крајот на мечот при резултат 28-28 го реализираше својот 9-ти гол денеска и успеа да ја продолжи победничката низа на својот тим, кој и натаму останува еден од трите досега непоразени тимови во лигата.

Најново во Ракомет