ПРВ ОФИЦИЈАЛЕН СОБИР НА КАПИТЕНОТ СО НОВИОТ ТИМ

Лазаров тргна со Нант: Се надевам дека ќе освоиме титула

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров денеска и официјално отвори нова страница во неговата богата кариера. Нашиот „бомбардер“ го имаше првиот собир со француски Нант. По седум години во Шпанија, Лазаров одлучи да ја промени средината да го облече дресот на Нант, кој во новата сезона од Лигата на шампиони ќе биде противник на Вардар во групната фаза. 

објавено: 24 јули 2017 - 13:47

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров денеска и официјално отвори нова страница во неговата богата кариера. Нашиот „бомбардер" го имаше првиот собир со француски Нант. По седум години во Шпанија, Лазаров одлучи да ја промени средината да го облече дресот на Нант, кој во новата сезона од Лигата на шампиони ќе биде противник на Вардар во групната фаза.

"Kомбинацијата на искуство и младост е многу важна за една екипа. Првите впечатоци од Нант се одлични, ми се допаѓа градот, еден играч секогаш полесно се адаптира во нова средина, кога има максимална поддршка од навивачите. Тука атмосферата е одлична, слична е како во Македонија, сакам да играм во таква средина. Се надевам дека ќе освоиме некоја титула во новата сезона, ќе дадам сè од себе со заедничка борба да ја оствариме посакуваната цел" , рече Кире Лазаров за официјалната страница на Нант.

Најново во Ракомет