ПРВИОТ ТРОФЕЈ Е ПРОПУШТЕН

ЛОШ ПОЧЕТОК: Гонзалез и ПСЖ поразени во полуфиналето на „Трофеј на шампиони“

Раул Гонзалез во својот прв официјален меч како стратег на ПСЖ немаше среќа. Шпанскиот стратег во полуфиналето на „Трофеј на шампиони“ беше поразен од Ст. Рафел со минимални 26-25. 

објавено: 1 септември 2018 - 16:42

Според играта се чинеше дека Раул Гонзалез и неговите избраници се речиси сигурни финалисти во францускиот „Трофеј на шампиони“, но вака не размислуваше противникот. И покрај водството во текот на целиот меч, па и на полувремето (13-11), ПСЖ на крајот по голема драма беше поразен од Сент Рафаел со 26-25.

„Светците“ во 54. минита имаа позитива од 25-21, за само шест минути Ст.Рафаел израмни на 25-25, а потоа на 17 секунди до крајот постигна гол за голема радост и пласман во финалето на Супер-купот.

Бранител на трофејот во ова натпреварување е Нант на Кирил Лазаров, кој минатата година го совлада токму ПСЖ и ја прекина доминацијата од три години по ред. Капитенот на македонската репрезентација во полуфиналето ќе игра против Монпелје. 

 

Најново во Ракомет