ЛЕВИОТ БЕК СЕ ПРЕСЕЛИ ВО РОМАНИЈА

Марија Штериова потпиша за Дунареа

Македонската интернационалка Марија Штериова во новата сезона игра во романскиот шампионат. 

објавено: 21 јули 2017 - 17:38

Македонската ракометарка, Марија Штериова, од следната сезона ќе настапува во романскиот шампионат, поточно во тимот на Дунареа Браила. Левиот бек веќе се приклучи на подготовките на новиот тим, кој пак на својата официјална страница и посака добредојде.

Штериова како играч на Вардар во 2014 година се пресели во унгарски Вац, по што направи трансфер во Ферхервар. Минатата сезона настапуваше за турската екипа на Кастамону.

 

Најново во Ракомет