Одличен меч за нашиот репрезентативец

Манасков е тата-мата за Татабања, 5 гола за нашето крило и победа на Веспрем

Дејан Манасков одигра одличен меч за унгарскиот првак Веспрем и со 5 голови ја зачини победата од 31:28 против Татабања

објавено: 10 декември 2017 - 21:16

Дејан Манасков одигра одличен меч за унгарскиот првак Веспрем и со 5 голови ја зачини победата од 31:28 против Татабања.

Нашето репрезентативно крило со два гола на почетокот на мечот ја најави победата на фаворитот, иако не одеше се така мазно за Веспрем. Татабања пружи силен отпор, но недоволен за подвиг.

Манасков петпати стрелаше прецизно, а еден гол му е од седум метри.

Веспрем е лидер во Унгарија со максимален учино0к од 12 победи во 12 кола.

Најново во Ракомет