Успех на нашиот ракометар

Манасков и Веспрем се радуваат на куп титулата во Унгарија (Видео)

Дејан Манасков и Веспрем ја освоија куп титулата во Унгарија со победа против најголемиот ривал Пик Сегед

објавено: 15 април 2018 - 20:05

Дејан Манасков и Веспрем ја освоија куп титулата во Унгарија со победа против најголемиот ривал Пик Сегед. На крајот Веспрем славеше со 23:21 во неизвесен меч.

По првиот дел Пик Сегед имаше предност од еден гол, 11:10, но пресврт се случи во второто полувреме. Веспрем заигра подобро го доби продолжението со 13:10, доволно за конечна победа од 23:21.

 

Најново во Ракомет