Македонското крило и неговиот тим со пораз ја завршија 2016

Манасков се одјави со „шестка“, Рајн Некар немоќен против Магдебург

Македонецот со шест постигнати голови беше еден од подобрите во својот тим во поразот на гостувањето против Магдебург од 35:32

објавено: 26 декември 2016 - 16:53

Германскиот шампион Рајн Некар Левен 2016 година ја заврши со пораз на гостувањето кај Магребург од 35:32. Нашиот репрезентативец Дејан Манасков на оваа средба со шест постигнати голови, беше еден од подобрите кај „лавовите".

Крилото, кое заедно со Филип Миркуловски во наредните денови треба да се приклучат на подготовките со репрезентацијата во Маврово, имаше одличен учинок во последниот клупски меч за оваа година.

Во Германската Бундеслига, Рајн Некар Левен годината ќе ја заврши на делба на првата позиција со 32 бодови, по 18 одиграни кола.

Миркуловски, пак, со Вецлар последната средба за 2016 ќе ја играат од 17:15 часот против Балинген.

Најново во Ракомет