Официјален потпис на договорот

Миркуловски и наредната сезона во Вецлар

„Чест ми е да го носам дресот на Вецлар. Јас и моето семејство одлично се вклопивме и се чувствуваме прекрасно. Овде се создава голем проект и чест ми е што имам можност да бидам од сето тоа" се зборовите на Македонецот

објавено: 17 февруари 2017 - 11:44

Како што и се најавуваше, Филип Миркуловски и во наредната натпреварувачка година ќе настапува за Бундеслигашот Вецлар. Повратникот во македонската репрезентација ја продолжи соработката до јуни 2018 година.

„Јас и семејството одлично се вклопивме во оваа средина. Имаме убава атмосфера во тимот што секако е важно за да се оствари успех. Нашите тренери веруваат во нас и ние во нив. Овде во Вецлар се создава огромен проект и мене ми е чест што имам можност да бидам дел од сето тоа" истакна Миркуловски.

Нашиот репрезентативец во овој Бундеслигаш пристигна во летото во 2015 година а во меѓувреме се истакна како еден од најдобрите поединци во овој колектив.

Најново во Ракомет