Брани импресивно

Митревски како Штербик - Со 19 одбрани до признание играч на колото

Никола Митревски е играч на колото во Романија, десетто по ред, а признанието го доби со неверојатни 19 одбрани за Доброгеа Суд

објавено: 13 ноември 2017 - 21:55

Никола Митревски е играч на колото во Романија, десетто по ред, а признанието го доби со неверојатни 19 одбрани за Доброгеа Суд. Репрезентативецот ја спушти ролетната и му недостасуваше само една одбрана за дваесетка. Битолчанецот брани во стилот на Арпад Штербик и имаше одличен ефект на дуелот против Минаур Баја Маре.

Интересно е што нашиот голман стаса и да постигне еден погодок во триумфот од 32:30 на гости.

За Доброгеа игра уште еден наш репрезентативец, Велко Марковски.

Најново во Ракомет