КАПИТЕНОТ И НЕГОВИОТ ТИМ НЕМА ДА ГО БРАНАТ ТРОФЕЈОТ

Монпелје ги елиминираше Лазаров и Нант по пенали

Кирил Лазаров и Нант нема да го бранат трофејот во францускиот Супер-куп, откако во полуфиналето беа совладани од Монпелје со 33-31 по изведувањето на седмерци. 

објавено: 1 септември 2018 - 19:24

Кирил Лазаров и Нант нема да го бранат трофејот во францускиот Супер-куп, откако во полуфиналето беа совладани од Монпелје со 33-31 по изведувањето на седмерци.

Во регуларниот дел, Нант во поголем дел од мечот го бркаше резултатот. По негативата од три гола на полувремето (15-12), Лазаров и неговите соиграчи многу посериозно се заканија во продолжение.

Капитенот на македонската репрезентација беше еден од креаторите на кам-бекот, во овој дел постигна три гола, сите во вистински момент. Со својот петти погодок, во последната минута израмни на 28-28, а потоа Давид Балагер погоди за 28-29, но Вид Кавтичник пресуди мечот да биде решен по изведување на седмерци.

Лазаров беше еден од изведувачите на ударите од седум метри, реализираше за 31-31, но серијата не продолжи успешно, на крајот Монпелје славеше со 33-31. 

Кире беше стрелец на шест погодоци од десет обиди, со што беше прв стрелец во редовите на Нант. 

Во финалето нема да игра ниту ПСЖ на Раул Гонзалез, откако претходно загуби од Сент Рафаел.

 

Најново во Ракомет