ПРОПУШТИЈА ШАНСА ЗА ДВА БОДА

Наместо победа, само реми за Вецлар и Миркуловски

Вецлар за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски од гостувањето кај аутсајдерот Хутенберг се враќа со реми 22-22.

објавено: 11 март 2018 - 17:00

Екипата на Вецлар пропушти голема шанса да го забележи 11. триумф во бундес-лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски на гостувањето кај аутсајдерот Хутенберг одигра без победник (22-22) иако речиси до пред крајот на мечот имаше водство.

Миркуловски не успеа да се запише во листата на стрелци, имаше само еден неуспешен обид. 

По 24. коло, Вецлар остана на деветото место на табелата со скор од 10 победи, три нерешени и 11 порази. Лидерското место во бундес-лигата и натаму го држат Рајн Некар и Филип Талески. 

Најново во Ракомет