Си поделија по едно полувреме, но капитенот беше поуспешен

Нант подобар од Веспрем, Манасков погодуваше во првиот дел, Лазаров стрелаше во продолжението

Нант го победи Веспрем со 34:32 на „Шпаркасе купот“. Еден против друг играа Кирил Лазаров и Дејан Манасков, а славеше капитенот на македонската репрезентација

објавено: 13 август 2017 - 18:29

Нант го победи Веспрем со 34:32 на „Шпаркасе купот". Еден против друг играа Кирил Лазаров и Дејан Манасков, а славеше капитенот на македонската репрезентација.

Интересно е што и двајцата постигнаа по три гола, во различни полувремиња. Манасков даде 3 гола во првиот дел за Веспрем, а Лазаров имаше ист биланс, а сите погодоци ги постигна во второто полувреме.

Победникот беше неизвесен до последната делница, кога при резултат 25:25, Лазаров почна серија од 3-0 по која Нант се одлепи, и победи.

 

Најново во Ракомет