Нашиот капитен полека ги договара условите

Лазаров преговара со Нант

„Имаме голема надеж бидејќи одамна преговараме, сепак, има разлика од преговори до реализација на трансферот" изјави претседателот на Нант за спортскиот канал „БеИН"

објавено: 17 февруари 2017 - 09:25

Кире Лазаров по крајот на сезонава му завршува договорот со Барселона, а како негова наредна дестинација се споменува француски Нант. Еден од најдобрите тимови во Франција се обидува да ги договори услугите на нашиот капитен.

„Имаме голема надеж бидејќи веќе подолг период преговараме. Веќе влегуваме во детали. Сега неговите мисли веројатно одат кон Нант. Лазаров е одличен играч кој е пред крајот на кариерата и не сака да донесе лош одлука. Кире има многу добри начини да добие информации за нашиот клуб. Имам впечаток дека ништо не го блокира неговиот трансфер. Сепак, има разлика од преговори во напредна фаза и од реализација" се зборовите на претседателот на Нант, Гаел Пелтје, за време на преносот на мечот меѓу Нант и Данкерк на спортскиот канал „БеИН".

Останува да се види дали Кире ќе го одбере токму Нант за негова наредна дестинација, или пак, ќе ќе се одлучи за понудата од некој друг клуб.

Најново во Ракомет