СЕ ПОДГОТУВА „БОМБА“

Нант сака да го купи Кирил Лазаров!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација е на мета на тимот кој моментно е второпласиран во француското првенство

објавено: 13 февруари 2017 - 10:37

Кирил Лазаров е прва „мета“ на францускиот тим Нант. Тоа е тим кој е второпласиран во домашниот шампионат и не е меѓу елитните европски клубови, но сепак сезонава има одлични резултати. Нант е лидер во групата Д, во Лигата на шампионите.

Тимот најавува дека има големи амбиции, а како главна цел ќе им биде да го доведат капитенот на македонската репрезентација Лазаров. Популарниот Кире е еден од најдобрите стрелци во историјата на ракометот, а тоа го докажа и со 50 постигнати погодоци на неодамна завршеното Светско првенство, токму во Франција. 

„Кирил е еден од најдобрите стрелци во историјата. Со 36 години и кариера од 18 сезони во Лигата на шампионите, тој би требало да го донесе потребното искуство во тимот и подобар пласман во елитната европска лига“, рече претседателот на Нант, Гаел Пелит. 

Освен минатиот месец во Франција, Лазаров беше најдобар стрелец и на Мундијалот во Хрватска во 2009 година, кога постави светски рекорд од 92 дадени голови. Лазаров од 2013 година го носи дресот на шпанскиот гигант Барселона.

Најново во Ракомет