БРАНИТЕЛОТ СИГУРНО ЧЕКОРИ КОН НОВ ПЕХАР

Нема Ф4 за Лазаров и Нант, немаа доволно сили за ПСЖ

По ремито во францускиот шампионат, ПСЖ и Нант повторно се сретнаа, но овој пат во рамките на четвртфиналето во Лига Купот. Победник од овој дуел излезе бранителот на титулата, ПСЖ кој славеше со 35-33 (20-17) и се пласираше во завршницата на ова натпреварување.

објавено: 14 декември 2017 - 22:25

По ремито во францускиот шампионат, ПСЖ и Нант повторно се сретнаа, но овој пат во рамките на четвртфиналето во Лига Купот. Победник од овој дуел излезе бранителот на титулата, ПСЖ кој славеше со 35-33 (20-17).

Иако „светците“ во второто полувреме имаа комотна предност, сепак едвај обезбедија пласман во четвртфиналето. При негатива од 30-24, Нант успеа да намали на 30-28, а потоа и на 32-30 со голот на Кире Лазаров. На пет минути до крајот беше 32-31, но тимот на нашиот капитен немаше сили за целосен пресврт.

На крајот Лазаров мечот го заврши со пет погодоци од осум обиди, од кои два седмерци. Уве Генсхајмер и Хансен со по шет погодоци беа најефикасни кај победникот.  

Најново во Ракомет