Се враќаат на подготовки во Битола

Нема СП за Грузија - Утеха се наградите за Орјоникиѕе од РК Пелистер (Фото)

Битолскиот двоец од Пелистер, Темур Орјоникиѕе и Реза Чантурија, нема да играат на следното Светско првенство во ракомет, откако нивната Грузија не успеа да ги мине претквалификациите. Како утеха е наградата за младиот Орјоникиѕе, кој беше прогласен за играч на мечот против Израел

објавено: 18 јануари 2018 - 16:45

Битолскиот двоец од Пелистер, Темур Орјоникиѕе и Реза Чантурија, нема да играат на следното Светско првенство во ракомет, откако нивната Грузија не успеа да ги мине претквалификациите. Како утеха е наградата за младиот Орјоникиѕе, кој беше прогласен за играч на мечот против Израел.

Од клупата, како селектор на Грузија ги предводеше Андон Бошковски, а Грузија на турнирот во Литванија заврши на третото место, зад домаќинот и Летонија.

Орјоникиѕе и Чантурија денеска, или најдоцна утре треба да се приклучат на подготовките на лидерот во нашата Суперлига, Пелистер.  

Најново во Ракомет