КАПИТЕНОТ ЕДЕН ОД НАЈЗАСЛУЖНИТЕ ЗА ГОЛЕМИОТ БОД

Ниту ПСЖ не успеа да ги урне Лазаров и Нант на домашен терен

Кире Лазаров и Нант продолжија со одличните партии на домашен терен, откако успеа да извлече бод против ПСЖ (27-27). 

објавено: 7 декември 2017 - 22:39

Нант и натаму е несовладлив на домашен терен. Тимот за кого настапува Кире Лазаров со помош на своите фанови дојде до голем бод против ПСЖ (27-27) и покрај тоа што на полувремето губеше со 13-15. 

Капитенот на нашата најдобра репрезентација беше еден од назаслужните што Нант успеа да се врати од негативата четири гола 14-18 која ја имаше на стартот на второто полувреме. Лазаров пред крајот на двапати погоди за водство на својот тим 25-24 и 26-25, но ПСЖ не само што изедначи, туку и поведе со 26-27. Сепак на крајот Нант успеа да изедначи преку Турна на 27-27.

Лазаров беше втор стрелеци, мечот го заврши со пет гола од кои три седмерци. Најефикасен беше Николас Турна со осум погодоци.

Најново во Ракомет