КАПИТЕНОТ Е ВО ИДЕАЛНИОТ СОСТАВ

НОВО ПРИЗНАНИЕ ЗА „БОМБАРДЕРОТ“: Лазаров најдобар десен бек во АСОБАЛ

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров се најде во идеалниот состав во АСОБАЛ-лигата за сеоната 2016/17. 

објавено: 20 јуни 2017 - 14:48

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров се најде во идеалниот состав во АСОБАЛ-лигата за сеоната 2016/17. Во конкуренција на Фредерик Виера (А.Леон) и Освладо дос Сантос (Анаитасуна), Лазаров доби 33,3 отсто од гласовите. Ова е трето вакво признание за нашиот најдобар ракометар, а во текот изминати седум години во Шпанија тој беше прогласуван за најдобар стрелец, МВП на сезоната...

Лазаров по четири години во дресот на Барса, вкупно седум во Шпанија, во следните две сезони ќе го носи дресот на францускиот тим Нант. 

ИДЕАЛЕН СОСТАВ ВО АСОБАЛ: 

Голман: Перез де Варгас (Барселона), Лево крило: Ангел Фернандез (Ла Риоха), Лев бек: Алекс Костоја (А.Леон), Среден бек: Раул Ентрериос (Барселона), Пикер: Адриа (Грањолерс), Десен бек: КИРИЛ ЛАЗАРОВ (Барселона), десно крило: Виктор Томас (Барселона), Тренер: Рафаел Гујоса (А.Леон)

Најново во Ракомет