Македонецот доаѓа во најдобриот унгарски тим

ОФИЦИЈАЛНО: Манасков од следната сезона во Веспрем

Репрезентативното крило потпиша едногодишен договор со Веспрем кој ќе стапи во сила по крајот на оваа сезона

објавено: 17 март 2017 - 13:41

Дејан Манасков и официјално е промовиран како нов ракометар на Веспрем. Репрезентативното крило денеска во Унгарија потпиша едногодишен договор кој ќе стапи во сила во идната сезона.

Дејан оваа сезона ја одигра како ракометар на Рајн Некар Левен но за волја на вистината и не добиваше голема шанса да ги докаже своите квалитети, нешто што беше слично и во дресот на македонскиот првак Вардар.

Тој во новата средина ќе се обиде да го импресионира новиот тренер Љубомир Врањеш и со тоа да обезбеди подолг престој во Унгарија.

Покрај РНЛ, крилото во својата кариера има настапувано до сега во Металург, Вецлар и Вардар.

Најново во Ракомет