Пивотот заминува во Автокоманда

Пешевски од наредната сезона во Бешикташ

Пивотменот на Металург од наредната сезона ќе го има првото интернационално искуство и тоа во екипата на Бешикташ

објавено: 29 мај 2017 - 18:25

Жарко Пешевски од наредната сезона ќе настапува за Бешикташ, ако може да им се верува на турските медиуми. Пивотменот на Металург кој целата своја кариера ја мина во овој тим е пред првото интернационално искуство, и тоа во еден од најдобрите турски колективи.

Пешевски со своите настапи во овој тим на Металург го провлече вниманието и ќе биде од голема помош за турскиот првак во наредната сезона. Во Бешикташ во моментов настапува Немања Прибак, а тимот во континуитет е дел од најсилното ракометно натпреварување, Лигата на шампионите.

Најново во Ракомет