Данките освоија турнир во Унгарија

Прв трофеј за Нолевска како играч на Виборг

Деби со пехар за нашата репрезентативка...

објавено: 20 август 2017 - 13:45

Македонската репрезентативка Наташа Нолевска од ова лето има интернационален предизвик во нејзината кариера. Прва станица е трофејниот дански тим Виборг, а Нолевска веќе ги одигра првите натпревари за данскиот тим.И тоа на турнирот организиран во унгарскиот Дунајварош.

Во првото коло Виборг ремизираше со Дебрецин, 20:20, а во второто го победи составот на Ваци со 26:23. Против Дебрецин, Нолевска погоди три пати, додека против Ваци даде два гола.

Во финалето противник на Виборг беше составот на Будаорс, кој беше совладан со 25:24, а Нолевска беше прецизна само еднаш.

Со оглед на добриот старт и одличната минутажа, нема сомнеж дека македонското десно крило ќе биде прва опција за данскиот тим во домашниот шампионат и во Купот на ЕХФ.

Најново во Ракомет