„ЛАВОВИТЕ“ УБЕДЛИВИ, ВЕЦЛАР ИСПУШТИ ПОБЕДА

“Првенец“ за Талески, само реми за Миркуловски

Филип Талески го постигна првиот гол во дресот на Рајн Некар оваа сезона. Македонскиот репрезентативец запиша еден погодок во убедливиот триумф над Минден 37-22. Филип Миркуловски и неговиот Вецлар испуштија победа на дуелот со Хутенберг, на крајот мораа да бидат задоволни со реми (23-23).

објавено: 7 септември 2017 - 20:41

По поразот од минатото коло, Рајн Некар максимално го искористи домашниот терен го совлада Минден со 37-22 (17-11) за втора победа сезонава. Македонскиот репрезентативец, Филип Талески овојпат доби шанса и истата ја искористи, го постигна првиот гол сезонава.

Филип Миркуловски и Вецлар одново пропуштија шанса за победа. Го имаат дуелот со Хутенберг, но на крајот не успеаја да го задржат водството, па мораа да се задоволат со реми 23-23 (13-10). Репрезентативецот постигна три гола од пет обиди.

Најново во Ракомет