ПСЖ со петта победа

Раул и ПСЖ победија, но останаа чекор зад Кире

ПСЖ без посебни проблеми во вистина голеада го совладаа Тулуз на домашен терен со 36-30.

објавено: 10 октомври 2018 - 22:27

По „киксот“ на гостувањето кај Ним, селекторот на нашата репрезентација, Раул Гонзалес и неговиот нов тим ПСЖ врзаа и втора победа. Вечерва на домашен терен, парижани беа подобри од екипата на Тулуз совладувајќи ја со убедливи 36-30.

Ремили со 8 гола беше предводник на ПСЖ кон петтата сезонска победа, која го остава чекор зад Кире Лазаров и неговиот Нант, кои и натаму имаат 100% ефект во досегашните 6 кола од новата сезона. Гледајќи го распоредот, ПСЖ и во следното коло не би требало да има некој поголем проблем да дојде до победа над тимот на Ексе.

Најново во Ракомет