РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ГОЛМАН ВО ОДЛИЧНО ИЗДАНИЕ

Ристовски броеше до 15 и стрелаше за нов триумф на Барселона

Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски имаше одлично издание против Пуенте Хенил за нова победа на Барселона од 38:19 (16:10) во АСОБАЛ лигата

објавено: 14 февруари 2018 - 22:24

Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски имаше одлично издание против Пуенте Хенил за нова победа на Барселона од 38:19 (16:10) во АСОБАЛ лигата.

Ристовски имаше 15 интервенции, а постигна и еден гол и неговата фантастична вечер беше и тоа каква поддршка за соиграчите меѓу кои Валерио Ривера со 8 и Тимоти Нгесан со 6 погодоци беа најефикасни.
Барселона ја продолжува апсолутната доминација во АСОБАЛ лигата запишувајќи ја 17 победа (и едно реми) сезонава.

Вечерва играше и тимот на капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров, Нант, во францускиот шампионат и без посериозни проблеми благодарение на одличниот голман Сирил Думулин (18 интервенции) со 31:15 го совлада Данкерк.
Кирил Лазаров и понатаму е надвор од тимот поради повредата на ногата која ја заработи на ЕП во Хрватска.

Најново во Ракомет