КАТАЛОНСКИОТ ТИМ БЕЗ МИЛОСТ

Ристовски со 14-ка против Ла Риоха, Барса на плус 10

Барселона дојде до 20 победа во АСОБАЛ, откако на домашен терен ја совлада Ла Рихоа со убедливи 37-27. 

објавено: 7 март 2018 - 21:57

Ништо ново во АСОБАЛ-лигата. Барселона продолжува да реди победи, а вечерва ја забележа 20-та, откако на домашен терен лесно ја совлада Ла Риоха со убедливи 37-27 (17-14).

Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски беше задолжен за голот на каталонскиот тим, мечот го заврши со  одбрани 14 од 40 удари. Дика Мем со седум погодоци и Ривера со шест гола беа најефикасни кај Барселона. 

Најново во Ракомет