ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ЗАСЕГА ЗА КАПИТЕНОТ

СЕ ШТЕДЕА СИЛИ ЗА ЛШ: Лазаров и Нант тесно со Данкерк

По второто коло, Нант е лидер на табелата во француското првенство. Тимот за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров на домашен терен славеше минимално против Данкерк 20-19. 

објавено: 13 септември 2018 - 22:27

Нант потешко од очекувањата го совлада Данкерк и покрај тоа што ја имаше поддршка од домашната публика. Се чини тимот за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров штедеше сили за стартот на ЛШ, поточно дуелот со Фленсбург.

Минималниот триумф 20-19, сепак беше повеќе од доволен за да Нант да се искачи на лидерското место на табелата, кое го дели со непоразените Монпелје, Ним и Шамбери. 

Лазаров мечот го заврши со два погодоци од пет обиди, најфикасен беше Валеро Ривера со седум гола.

Најново во Ракомет