45 ИЗДАНИЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ СТРУШКИ РАКОМЕТЕН ТУРНИР

Силен старт на Бешикташ и Шарт

На првиот ден од 45. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга, победи остварија екипите на минатогодишниот победник Шарт и турскиот шампион и учесник во Лигата на шампионите Бешикташ.

објавено: 13 август 2017 - 13:00

На првиот ден од 45. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга, победи остварија екипите на минатогодишниот победник Шарт и турскиот шампион и учесник во Лигата на шампионите Бешикташ.

Фото: 24ракомет.мк

Шарт немаше проблеми против домаќинот Струга и победи со 34:16, додека тимот на Немања Прибак во интересен меч го совлада Алингсас со 29:27.

Скандинавците во текот на целиот прв дел го диктираа темпото и не му дозволија на учесникот во Лигата на шампионите да се доближи, но во второто полувреме, ситуацијата на теренот комплетно се промени.

Алингсас водеше најмногу со пет голови разлика, 11:16, пред Бешикташ со серија од 2 погодоци, да го постават конечниот резултат пред паузата, 13:16. Стрелец на последниот гол за турскиот шампион беше македонскиот интернационалец Немања Прибак на истекот на 30 минута.

Резултати и распоред на натпреварите:

12 август

Шарт – Струга 34:16

Бешикташ – Алингсас 29:27

13 август

19:00 Бешикташ – Охрид

20:45 Металург – Шарт

14 август

19:00 Металург – Струга

20:45 Алингсас – Охрид

15 август

18:00 меч за петто место

19:45 меч за трето место

21:30 финале

Најново во Ракомет