НА ПОВИДОК ТРАНСФЕР ВО СРБИЈА

Симона Стојковска пред потпис со Наиса

Екипата која играше во финалето на Купот на Србија го сака левиот бек на Металург

објавено: 24 јуни 2017 - 11:20

Левиот бек на Металург, Симона Стојковска е пред потпис со српскиот суперлигаш Наиса од Ниш. Тимот кој минатата сезона играше во финалето на Купот на Србија и македонскиот бек, се во завршна фаза од преговорите. Се очекува до викендов да биде ставен и потпис на договорот.

За Стојковска ова би бил прв интернационален чекор. Наиса е клуб со богата историја, чиj поранешен играч е и некогашната вардарка Сања Дамњановиќ.

Најголемиот успех клубот го имал во сезоната 206/2007 кога го освоил Челинџ купот.

Најново во Ракомет