РАЈН НЕКАР ЛЕВЕН НЕ ГО „ПУШТА“ МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТАР

СКАНДАЛ: Младите без Талески на мундијалот

Последниот голем собир на „златната генерација" ќе помине без капитенот, кој не доби „зелено светло" од клубот за настап на Светското првенство

објавено: 13 јуни 2017 - 22:00

Машката младинска репрезентација на Македонија без капитенот Филип Талески ќе мора да настапи на Светското првенство во Алжир, следниот месец. Последниот голем собир на „златната генерација“ ќе помине без левиот бек, кој не доби „зелено светло“ од бундеслигашот Рајн Некар Левен за настап на Светското првенство.

„Лавовите“ стартот на подготовките за новата сезона го имаат закажано на 18 јули, термин во кој започнува и учеството на Македонија на мундијалот. Доколку нашите надежи ја поминат групната фаза ќе играат во осминафиналето, а и ако завршат во долниот дел на табелата разигруваат за пласман што би значело дека Талески ќе пропушти скоро 15-тина дена од клупските подготовки. Со оглед на тоа дека за Германците тој период е и најважен РНЛ не е расположен да го ослободи бекот, па без негова помош селекцијата ќе мора да го брка најголемиот успех на големите натпреварувања.

Во периодот кој претстои останува да видиме дали РФМ и „лавовите“ ќе успејат да најдат заеднички јазик и селекторот Илија Темелковски да го има на располагање еден од главните играчи во репрезентацијата.

Најново во Ракомет