ВО НАЈАВА НОВ КЛУБ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОТО КРИЛО

Следната дестинација на Манасков е Веспрем?

По завршување на сезоната, Дејан се сели од Рајн Некар во унгарскиот клуб

објавено: 16 февруари 2017 - 08:48

Најтрофејниот унгарски тим, Веспрем најверојатно ќе биде новата дестинација на Дејан Манасков. Според најавите, македонското репрезентативно крило решил од следната сезона да го носи дресот на ово тим. Манасков моментно е играч на Рајн Некар Левен, но сигурно е дека си заминува на крајот од сезоната. 

Веспрем најавува големи промени во играчкиот кадар на крајот од сезонава, а меѓу „свежата крв“ која треба да пристигне е и нашиот Манасков. Тој треба да биде замена за легендата на клубот Герго Иваншиќ, кој по 17 години си заминува.

Веспрем е актуелен унагарски, но и шампион во регионалната СЕХА лига, како и еден од тимовите кои се меѓу фаворити за највисок пласман во Лигата на шампионите. Доколку овој трансфер се реализира, Веспрем ќе биде пети клуб во кариерата на Манасков, кој започна во Металург, а потоа играше и во Вецлар, Вардар и сега во Рајн Некар Левен.

Најново во Ракомет