НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ

„Страшен“ старт на Миркуловски и Вецлар

Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски и Вецлар со победа над Гумерсбах (33-22) ја стартуваа новата сезона во Бундес-лигата. 

објавено: 27 август 2017 - 15:15

Екипата на Вецлар за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски со убедлива победа ја отвори новата сезона, откако на гостувањето кај Гумерсбах славеше со 33-22.

По минималното водство на полувремето од 14-12, Вецлар одигра многу подобро во вториот дел, кој го одби со 19:10. Македонскиот репрезентативец постигна само еден гол .

Пред малку започна дуелот меѓу Рајн Некар за кого настапува Филип Талески и Лемго. 

Најново во Ракомет