„Хендбол планет" ја објави листата од 32 имиња

СВЕТСКА КЛАСА: Кирил Лазаров и Лука Циндриќ во трка за најдобар ракометар на светот

Македонскиот суперстар и „средњакот" на Вардар се најдоа во потесниот избор за најдобар ракометар на светот за 2017 година

објавено: 23 ноември 2017 - 18:40

Угледниот ракометен портал „Хендбол планет" ја објави листата од 32 имиња кои влегуваат во конкуренција за избор на најдобар ракометар на земјината топка за оваа година – 2017.

На списокот се најде и нашиот суперстар Кирил Лазаров, како и средниот „надворешен" играч на европскиот првак Вардар,. Лука Циндриќ.
Оваа листа ја формираа 30 новинари од целиот свет, а читателите на порталот можат да ги дадат своите гласови се од 7. декември.
Тие гласови на фановите, плус оние на новинарите ќе ги дадат најдобрите.


А во конкуренција за избро на најдобар десен бек конкуренција на нашиот репрезентативец и играч на францускиот Нант, претходно и на Барселона му прави довчерашнито „вардарец" а сега играч на Виве Кјелце, Алекс Дујшебаев, Недим Ремили од ПСЖ, како и Ласло Наѓ од Веспрем.

За Кирил Лазаров можете да гласате на следниот линк:

http://www.handball-planet.com/world-handball-right-back-2017/

За најдобар плејмејкер во светот, конкуренцијата е се чини уште посилна. Освен Циндриќ, за тоа престижно признание конкурираат и Мате Лекаи од Веспрем, Андре Шмит (РНЛ) и Никола Карабатиќ (ПСЖ).

За Лука Циндриќ можете да гласате на следниот линк:

http://www.handball-planet.com/world-handball-playmaker-2017/

 

 

 

Најново во Ракомет