Рајн Некар Левен го официјализира Швеѓанецот

Талески добива конкуренција

Македонскиот репрезентативец Филип Талески добива конкуренција на левата бековска позиција во редовите на германскиот првак Рајн Некар Левен.

објавено: 20 јули 2017 - 08:30

Македонскиот репрезентативец Филип Талески добива конкуренција на левата бековска позиција во редовите на германскиот првак Рајн Некар Левен, откако  „лавовите" го објавија трансферот на искусниот 34-годишен Швеѓанец Кристијан Близнак.

РНЛ, кој официјално започна со подготовките за новата сезона, потпиша едногодишен договор со Близнак, кој претходно го носеше дресот на норвешки Елверум. Близнак е играч кој најчесто има задача во дефанзивната линија, но, сепак, факт е дека Талески ќе треба да се „бори" и против него во борбата за минутажа во РНЛ.

Бекот има искуство во Бундеслигата, со оглед дека во сезоната 2013-2014 настапувал за Вецлар.
Близнак е четвртото засилување за бундеслигашот во пресрет на новата сезона, по Џери Толбринг, Богдан Радивоевиќ и Момир Рниќ. РНЛ е противник на македонскиот и европски првак Вардар во рамките од групата А во Лигата на шампионите.

Најново во Ракомет