ГОСТИНСКИ ПОРАЗИ ЗА НАШИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА

Вецлар и Миркуловски прокоцкаа победа, Флензбург пресилен за Рајн Некар

Македонските репрезентативци во бундес-лигата, Филип Миркуловски и Филип Талески и нивните тимови беа поразени во третото коло.

објавено: 3 септември 2017 - 16:45

Филип Миркуловски и Вецлар испуштија голема шанса да дојдат до втората победа сезонава. И покрај водството во голем дел од натпреварот, тимот на македонскиот репрезентативец на гостувањето кај Хановер беше поразен со 29-27 (14-15). Миркуловски мечот го заврши со два погодоци од исто толку обиди.

Рајн Некар за кого настапува Филип Талески не успеа да приреди сензација на гостувањето кај Флензбург. „Лавовите“ и покрај негатива од 22-16 во 48. минута успеаја да се вратат на два гола во последните минути, но немаа сили за целосен пресврт. На крајот беа поразени со 27-22 (12-9). Талески и овојпат не доби шанса, остана на клупата за резерви.

По 3. коло Вецлар е на осмата позиција со една победа, пораз и реми, додека Рајн Некар е во долниот дел од табелата, поточно на 14 место.

 

 

Најново во Ракомет