БЕЗ ПРОБЛЕМ ПРОТИВ АУТСАЈДЕРОТ

Вецлар и Миркуловски влегоа во ритам

Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски и неговиот тим ја забележаа третата победа во низа во бундеслигата, откако на домашен терен го совладаа Либек со 25-20.

објавено: 25 февруари 2018 - 14:21

Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски и неговиот тим ја забележаа третата победа во низа во бундеслигата, откако на домашен терен очекувано го совладаа Либек со 25-20.

Вецлар двата бода ги завери уште по првото полувреме по кое имаа позитива од 13-7. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на еден гол од три обиди.

По некомпленото 22. коло, Вецлар е на деветото место со скор од десет победи, два нерешени меча и десет порази.

 

Најново во Ракомет