МАКЕДОНИЈА СИ ИМА ДВА ОЛСТАР ЛЕВОРАКИ-БОМБАРДЕРИ

Влатко Митков е прогласен за најдобар десен бек во Австрија!

Македонскиот репрезентативен десен бек, Влатко Митков, избран е за најдобар на својата позиција во австриското ракометно првенство, како дел од олстар-тимот.

објавено: 31 мај 2016 - 23:14

Иако неговиот тим Мозер Кремс беше елиминиран во полуфиналето (од новиот шампион Фиверс Маргаретен), Митков имаше доволно блескави партии и дотогаш за да се покаже како најдобар леворак „бомбардер“ во Австрија.

Постигна 96 гола во регуларната сезона или 5,33 по натпревар, со што беше деветти стрелец во Лигата, а во плејофот го зазеде петтото место меѓу голгетерите со 42 гола на осум меча или 5,25 во просек.

Не треба да зборуваме за дефанзивните квалитети на Митков, имајќи предвид дека многу почесто добива одбранбени задачи во националниот тим, како алтернатива за Кире Лазаров. 

Во олстар тимот е заедно со неговиот соиграч, Тобијас Шоф, кој е лев бек и прогласен за прв стрелец во првенството со 217 гола. Митков игра за Кремс од 2012 година и ова му е неговата најдобра сезона.

 

ОЛСТАР-ТИМ ВО АВСТРИСКОТО ПРВЕНСТВО

голман: Кристијан Филиповиќ (Фиверс Маргаретен)
лев бек: Тобиас Шоф (Кремс)
среден бек: Витас Циура (Фиверс Маргаретен)
десен бек: Влатко Митков (Кремс)
десно крило: Давид Брандфелнер (Фиверс Маргаретен)
пивот: Бојан Белјански (Брегенц)

Најново во Ракомет