„ЗАГРЕВАЊЕ„ ПРЕД НОВАТА ЕВРОПСКА ЕПИЗОДА НА РАКОМЕТАРИТЕ

Излезе најновиот трејлер за ЕП: Лазаров и екипата во јануари подготвени за нов блесок (Видео)

Машката ракометна репрезентација следниот месец на континенталниот собир во Хрватска треба да донесе нови радости на сите навивачи 

објавено: 14 декември 2017 - 08:32

Точно уште еден месец има до првиот настап на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Хрватска, а навивачкото загревање веќе започна. Македонија е стандарден учесник на големите ракометни настани и секогаш носи радости на сите спортски фанатици во земјата. Така се очекува да биде и во Хрватска, каде за противници во групната фаза ги имаме Словенија, Црна Гора и Германија. 

Капитенот Кирил Лазаров и екипата наскоро треба да ги започнат и подготовките за големиот настап. Додека чекаме да започне ЕП, пристигна и најавата за континенталниот собир. Феноменален трејлер за репрезентацијата која ги носи најголемите репрезентативни радости на македонска сцена.

Најново во Ракомет