ПОЛИЦИЈАТА ВО ХРВАТСКА ИМА ЗАДАЧА ДА ГИ ЛОВИ ПРЕПРОДАВАЧИТЕ

Картите за ЕП во ракомет на „црно“ одат и четири пати поскапо

Во Сплит се фатени и казнети неколку „тапкароши“ кои нуделе билети за трите кола во вредност и над 500 евра

објавено: 4 јануари 2018 - 18:00

Како се доближува стартот на ракометното Европско првенство кое за неколку дена стартува во Хрватска, така и еуфоријата е поголема. Хрватската полиција откри дека започнала со „лов“ на луѓе кои сакаат да ги препродаваат картите. 

Посебно голем е интересот за мечевите на кои ќе игра домаќинот Хрватска. „Коцкестите“ во првото коло играат против соседот Србија и тоа е дерби на колото. Во таа група, која се игра во Сплит, се и селекциите на Шведска и Исланд. 

Комплет влезници за трите дена чинат 900 куни (120 евра), а препродавачите на црно ги продаваат по 2.400 куни (320 евра), а најскапите достигнале цена и до 4.000 куни (540 евра). Полицијата досега успеала да откри двајца препродавачи и противн нив поднесе прекршочни постапки. 

Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од Европското првенство. „Црвено-жолтите“ своите мечеви ќе ги играат во Загреб, а противници во групата се Словенија, Германија и Црна Гора. 

Најново во Ракомет